„Не плашете се да загинете, ќе одите во рајот“, им порача рускиот патријарх на луѓето пратени на фронтот

Рускиот патријарх Кирил и претседателот Путин / Фото: EPA/EFE

Поглаварот на Руската православна црква Кирил во денешната неделна проповед им се обрати на луѓето опфатени со делумната воена мобилизација во земјата, порачувајќи им „да не се плашат за загинат за татковината“, бидејќи ако умрат, „ќе бидат со Бога во неговото царство“.

„Црквата признава дека ако некој, поттикнат од чувство на должност и од потребата да ја исполни својата заклетва и да остане верен на неговиот повик, умре во исполнување на својата должност, тоа несомнено ќе биде чин на жртва. Оваа жртва ги измива сите направени гревови“, рекол патријархот, според весникот „Комерсант“.

Последниве денови, по наредбата на претседателот Владимир Путин за делумна мобилизација на населението за војната во Украина, поглаварот на РПЦ неколкупати ги повика верниците да го прифатат повикот да одат на фронтот.

„Одете храбро да ја извршите својата воена должност. И запомнете дека ако умрете за својата земја, ќе бидете со Бога во неговото царство“, им порача патријархот на верниците.

Видео на денот