НЕ ПЕЕ ЛУНА!? Оваа МАКЕДОНСКА ПЕЈАЧКА признала дека се слуша нејзиниот глас во песната!

луна џогани
Принтскрин

Реакциите околу песната на Луна Џогани не запираат. Освен што ја нападнаа дека ја копира Анастасија Ражнатовиќ, многумина тврдат и дека Луна воопшто не ни пее во песната „Деветти круг“.

Еден од коментарите бил „Ова не е нејзиниот глас“. Уште пред премиерата на песната, во емисијата „Задруга: Народот прашува“, Лепи Миќа открил дека песната звучи како да ја пее Антониа Гиговска и дека Анабела најверојатно сака да направи ѕвезда од ќерка си како и од себе, само со отворање уста.

По овој повод се огласила и самата Антониа. Таа прво го отпеала рефренот, а потоа пратила јасна порака до обожавателите.

„Го испеав рефренот за да видите дека не пејам јас, туку Луна, тоа е нејзин глас и нејзина песна. Би сакала да ѝ честитате за тоа што го направи. Песната е супер, но коментарите дека ја пејам јас се излишни. Јас ги пејам пратечките вокали и драго ми е што баш јас го направив тоа. Не ја напаѓајте Луна, бидејќи тоа не е точно“, била јасна Антониа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот