НЕ ОТКРИВАЈТЕ ГИ ПРЕД ПРИЈАТЕЛИТЕ: Овие нешта треба да останат меѓу вас и партнерот

пар љубов

Многу од нас имаат навика да споделуваат информации со пријателите за проблемите дома, па некогаш и претеруваме со тоа.

Довербата меѓу пријателите секако е важна и сосема нормална, а особено е корисна кога имаме некој проблем.

Меѓутоа, постојат и неколку теми за кои не треба да се „отвораме“ пред пријателите, а се поврзани со врската или бракот:

Мислите дека партнерот се однесува како будала

Дури и кога нè нервира со своето однесување, треба да изброиме до 10 и да одолееме да го нарекуваме својот партнер со исмевачки и погрдни имиња пред пријателите. Можеби вие го кажувате тоа во афект, но другите памтат и може некој ден да го кажат тоа.

Колкави ви се примањата

Податокот за заедничкиот буџет не треба да е тема на разговор, исто како и поединечните примања. Така ризикувате да бидете неправедно проценети на еден или друг начин, пријателите да се чувствуваат помали од вас или пак, да мислат дека се над вас.

Кои ваши пријатели партнерот не ги сака

Врската или бракот не треба да ве одделат од пријателите. Ако некој ваш пријател не го сака вашиот партнер, или пак партнерот нема добро мислење за некои од пријателите, не го кажувајте тоа. Ни едниот ни другиот не заслужиле да има нетрпеливост поради тоа.

Детали од спалната соба

Мал е бројот на пријатели со кои можете да ги споделите овие информации, но уште подобро би било кога би ги задржале за себе.

Колкави ви се долговите

Секој пар кој живее заедно има заеднички трошоци и некогаш и долгови и кредити. Без разлика какви и да се финансиските проблеми, не образложувајте ги пред пријателите.

Со кого би спиеле

Нормално е да имате сексуални фантазии, но чувајте си ги за себе, бидејќи ако еднаш излезат од вас, лесно може да стигнат до ушите на партнерот.

Проблеми во креветот кои се јавуваат буквално во секоја љубовна врска

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот