Не одам на одмор, ќе му се посветам на градот, вели Арсовска

Данела Арсовска / Фото: Слободен печат - Драган Митрески

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, вечерва изјави дека летово не планира да оди на годишен одмор, велејќи дека ќе му се посвети на градот.

„Имаме градежна офанзива која ја започнавме, активна реконструкција следи некаде до крајот на септември, на сето она кое што го правевме како проекти во изминатите месеци. Дојдовме во град без проекти и единствени работи затекнати во реализација се оние проекти кои што ги напоменувавме досега, а беа оставени со бројни проблеми и предизвици. Проблемите кои што ги затекнавме, полека ги решаваме, се посветуваме на новите проекти и она што беше во програмата и гледаме активно што е можно повеќе да ги реализираме барањата на граѓаните уште во првата година од мандатот“, изјави Арсовска за „Инфомакс“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот