„Не ни се мешајте во државата“: Масовни протести во Судан против Обединетите Нации

Протест во Судан пред седиштето на ОН/ Фото / AFP / Profimedia

Неколку илјади лица денеска во Судан излегоа на протест пред седиштето на Обединетите Нации осудувајќи ги разговорите организирани под покровителство на светската организација со цел да се реши кризата во земјата, до која дојде по воениот удар, јавуваат француските медиуми.

Демонстрантите носат транспаренти против пратеникот на ОН, Волкер Пертес, кој неодамна почна индиректни разговори меѓу цивилите и војниците.

-Го отфрламе странското мешање во работите на нашата земја, изјавија демонстрантите.

Протестите во Судан/ Фото AFP / Profimedia

Канцеларијата на ОН во Судан понуди да прими делегација демонстранти, но тие одбија.

Пертес на 10 јануари го соопшти почетокот на разговорите меѓу ОН и локалните актери за „да им помогне на Суданците да постигнат договор за надминување на кризата”, по државниот удар на крајот на октомври.

Од почетокот на протестите против воените власти и државниот удар извршен на 25 октомври, во демонстрациите досега загинаа 77 лица.

Суданската армија пред повеќе од две години од власта го отстрани долгогодишниот автократски претседател, Омар ал Башир, а потоа беше формирана воено-цивилната влада на премиерот Абдала Хамдок. Но, на 25 октомври минатата година беше извршен втор државен удар, по кој во земјата владее хаос.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот