НЕ, НЕ Е ШЕГА: Бразилците „вкусија“ триумф после 135 дена! (ВИДЕО)

фото:твитер

Репрезентацијата на Бразил ја совлада селекцијата на Јужна Кореја со конечен резултат 3:0 во пријателски натпревар во Абу Даби.

Интересен е податокот што „кариоките“ конечно вкусија триумф после долги 135 дена.

Последен пат најдобрите бразилски фудбалери триумфираа во финалето на „Копа Америка“ на 7 јули против Перу (3:1).

Избраниците на селекторот Тите ја прекинаа серијата од пет мечеви без победа. Ремизираа со Колумбија, Сенегал и Нигерија, а загубија од Перу и пред четири дена од Аргентина.

Стрелци во денешната победа беа Пакета во деветтата минута, Кутињо (36`) и Данило (60`).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот