15 C
Скопје

Не наседнувајте! Македонија е на удар на лажни хуманитарци

Македонија e на удар од лажни хуманитарци кои во име на измислени ликови користат лажна болест и сиромаштија за бесправно да се стекнат со пари. Граѓаните кои сами неодамна открија вакво крајно нехумано однесување кое претставува и криминал, веќе не знаат на кого и во што да веруваат. Токму поради зачестената појава на лажните хуманитарци, постепено се губи и чувството за хуманост на оние кои сакаат да донираат, издвојувајќи средства од својот скромен буџет.

Извесна Радица Динев веќе подолго време бара хуманитарна помош во име на сиромашни и болни. Таа ги повикува луѓето да донираат на нејзината трансакциска сметка, уверувајќи ги дека парите ќе стигнат на вистинското место. Во апелите за помош објаснува дека донирањето на нејзината сметка е единствен начин да се помогне бидејќи луѓето на кои им е потребна помош немаат своја сметка или примаат социјална помош, па доколку добијат прилив на сметка, истата ќе им биде укината.

На оваа мамка подолго време „се фаќале“ многу луѓе, се додека неодамна не беше откриена. Во откривањето на нејзиното кривично помогна и Аџибадем Систина, кои јавно соопштија дека во болницата не се лекува детето за кое се собираа пари.

-Клиничката болница „Аџибадем Систина” ве известува дека во болницата не е хоспитализирано бебе кое наводно се бори за живот, а чија е мајка е извесна Мимоза од Тетово. За случајот на социјалните мрежи се шири повик за донации. Станува збор за лажна објава.
Повикуваме граѓаните да бидат внимателни и да не наседнуваат на вакви и слични повици. Објавата во која се повикува за помош ја споделува извесна Радица Динев, се вели  во соопштението од болницата.
Реакцијата од приватната болница Аџибадем Систина за лажната објава/Фото: Фејсбук

За нејзините  незаконски и нехумани  дејствија  потврдуваат и голем број граѓани кои донирале  и се  згрозени што некому му дошла ваква идеја, а има и такви кои  се директно  засегнати или измамени.

Граѓани реагираат на апелите за помош за кои се сомневаат дека се вистините/ Фото: Фејсбук

МВР е запознато со ваквите  кривични  дела, и  велат дека будно го  следат секој чекор на измамниците. Потврдуваат дека имаат информации и за други измамници против кои се веќе поднесени кривични  пријави.

-ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против Б.Д.(47) од Прилеп, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „измама“. Пријавениот, со намера да се стекне со противправна имотна корист, во периодот од 2015 до крајот на 2020, лажно претставувајќи се како овластен застапник на здружение од Прилеп, иако имал овластување да раководи со средствата на здружението покрај овластеното лице Г.К од Прилеп, како законски застапник на здружението, во име на здружението изготвувал и лично доставувал „барања за донации“ до различни правни субјекти, јавни претпријатија и физички лица. Како овластено лице на сметката од здружението, во наведениот период ги подигал сите донирани парични средства и ги искористил за лични цели. Покрај ова, во дел од барањата за донации, наместо сметката на здружението, ја навел трансакциската сметка на неговата сопруга и на ваков начин, покрај веќе споменатите средства, противправно се стекнал со парични средства кои по основ на донации се слевале на сметката на неговата сопруга, информираат од МВР.

Дека не станува збор  за изолирани  случаи сведок е и редакцијата на „Слободен  печат“, кога  пред неколку месеци се собираа средства за болно бебе на наша колешка. Луѓе без нималку  морал направија лажни профили на социјалните мрежи и го споделуваа апелот за помош, со што постоеше ризик голема сума од потребните средства да се пренаменат на лажната сметка.

Упатените велат дека најдобар и безбеден начин е да се донира на телефонските броеви од мобилните  оператори, бидејќи  за да се добие одобрение за телефонско донирање, потребно е да се приложат лекарски извештаи кои се доволен доказ за состојбата на семејството или болниот.

Поврзани вести

Нова скандалозна порно-група со слики и видеа: На Телеграм се појави „Перверзии на Балканот“

Слободен печат

Лајчак: Несомнено за Косово, успех во дијалогот значи да се стане земја кандидат за ЕУ

Слободен печат

Германија, Шпанија и Франција заедно ќе развијат нов борбен авион

Слободен печат

Регионален ковид-19 пресек: Мал пад на бројот на нови инфекции

Слободен печат

Бугарски брачен пар заврши зад решетки во Германија: Продавале новороденчиња во Грција

Слободен печат

Маск: Старлник услугата ја нарачаа половина милион луѓе

Слободен печат

Остави Коментар