Не му треба каскадер: Том Круз учи да лета со параглајдер

Том Круз не се плаши да изведува вратоломии во филмовите, а пред некој ден е фотографиран како се спушта со параглајдер по стрмните карпи во француските Алпи.

Познатиот 57-годишен глумец сам учествува во многу ризични сцени и нема каскадер, па му се случувало понекогаш и да скрши некоја коска, пренесува британски Метро.

Последен пат незгода имал при снимањето на “Mission Impossible: Fallout”.

„Го бркав Хенри и требаше да го прескокнам ѕидот, ама случајно го шутнав. Во истиот момент знаев дека го скршив зглобот ама не сакав да ја повторувам таа сцена, па само продолжив да трчам. После реков: Си го скршив зглобот. Тоа е тоа, носете ме во болница. Сите ги извадија телефоните за да резервираат патување и да го почнат одморот“, раскажал Круз.

Twitter

 

Глумецот додека учел да се спушта со параглајдер ја носел целата неоходна заштитна опрема, а на подножјето го дочекал инструкторот.

Засега не е познато дали вежбал за снимање на некоја сцена или едноставно го сака параглајдеризмот и адреналинската грозница.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот