Не му се спротивставувам на Заев со кандидатурата за лидер на СДСМ, вели Деспотовски

Фото: МИА

„’Концептот 28′ што го поднесов денес се фокусира на луѓето. Нудам нов концепт, на кој начин ќе им излеземе на луѓето во пресрет. Нудам целосно нов начин на спроведување на политиките, иако не сметам дека досегашните беа погрешни“, рече кандидатот за лидер на СДСМ и директор на ТИРЗ, Јован Деспотовски во вечерашното гостување на Сител.

Тој вели дека не бега од предизвици, ниту се плаши од одговорност доколку стане лидер на партијата.

-Доволно е да слушаме, барем во делот на енергетската состојба. Не ни треба дебата од година дена, туку да седнеме и конкретно да разговараме. Дали треба да биде Заев или не премиер понатака, ќе се одговори во ваков процес, смета Деспотовски.

На прашањето дали го контактирал Заев во однос на поднесената кандидатура, Деспотовски вели не разговарал со лидерот на СДСМ во изминатите денови.

-Не сметам дека му се спротивставувам на Заев со поднесената кандидатура. СДСМ е демократска партија. Еден пристап е ако седите од страна и коментирате, а сосема друг е чесно да дискутирате и презентирате различни идеи и видувања. Длабоко верувам дека и Заев е за зачувување на единството на партијата преку ваквиот процес на внатрепартиски избори, потенцира Деспотовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот