Зошто не можете да се ослободите од салото на стомакот? Постојат дури 12 причини!

Фото: Unsplash

Пивскиот стомак може во најмала мерка да настане од консумирање на пивото. Калориите и шеќерите се наоѓаат и во другите форми, а заради недостаток на вежбањето и лошата исхрана, тие се таложат во форма на маснотии во стомакот и цревата. Постојат 12 причини зошто е тешко да се ослободите од ваквите масти.

1. Лоша исхрана
Диетата заснована на бело брашно и лоши масти е рецепт за масни наслаги во подрачјето на стомакот. Затоа, исхраната со зеленчук и квалитетни намирници треба да ја замени храната богата со масти и црвено месо.
Извори на поздрави масти се наоѓаат во рибата, јаткастите плодови и авокадото, а со намалување на јаглехидратите кои се наоѓаат во житарките, тестенините и шеќерот, би требало да помогне во борбата против маснотиите во стомакот.

2. Премногу големи порции
Намалете ги порциите на храна, што е исклучително важно за „стомачните“ маснотии, кои можат да предизвикаат кардиоваскуларни заболувања и дијабетес, а да доведат и до висок крвен притисок.

3. Пушење
Покрај тоа што е лошо за здравјето, студиите покажаа дека пушењето доведува и до настанување на салото.

4. Стрес
Стресот создава хормон кортизол, кој со протокот низ телото ги складира маснотиите во подрачјето на стомакот. Вежбањето, медитацијата и јогата помагаат во намалување на стресот. Во борбата против стресот помага и развивањето на добар систем за поддршка помага во борбата против стресот, а одлично решение е да се консултирате со стручњак за ментално здравје.

5. Недоволно вежбање
На мажите со обем на половината од 100 сантиметри, а на жените со обем на половината од над 80 сантиметри, им е потребна некаква форма на вежбање, како на пример, одењето, во траење од минимум 150 минути неделно. Поинтензивна форма на тренинг е доволен во траење од 75 минути неделно со вежби со поголема сила најмалку двапати.

6. Погрешни вежби
Вежбите со тегови за помагаат да се изградат мускулите, а поголема мускулна градба значи повеќе обработени калории. Најбрз резултат ќе донесе аеробното вежбање.

7. Калории од алкохолот
Иако е втемелено верувањето дека големите стомаци се резултат на пиењето пиво, стомачното сало настанува и од другите алкохолни пијалаци. Целиот алкохол содржи калории што доведуваат до таложење на маснотиите, особено ако консумирањето на алкохол се комбинира со лошата исхрана и недостатокот на вежбање.

8. Сокови
Консумирањето на сокови последователно вклучува консумирање и големи количини шеќер и калории. Сето тоа доведува до зголемување на тежината што може да се акумулира во подрачјето на стомакот.

9. Непиење вода
Пиењето на вода го подобрува губењето на килограмите, а со тоа и губењето на мастите од стомакот. Покрај тоа, водата е единствениот пијалак што нуди хидратација без дополнителни шеќери.

10. Гени
Иако и генетиката игра улога во распределбата на килограмите, вистинската комбинација на внесот на калории и нивното губење е рецепт за одржување на здравата линија, без оглед на тоа што генетската слика тврди поинаку.

11. Недостаток на сон
Лишувањето од сон ги стимулира хормоните на стресот кои доведуваат до акумулација на мастите наместо нивна обработка. За подобро спиење потребно да поминувате што подолго време без мобилен телефон и без лаптоп, да се придржувате до распоредот на одење во кревет, да избегнувате алкохол пред спиење и да вежбате.

12.Опседнатост со бројките на вагата

Опсесијата со мерењето на вага нема да помогне при слабеењето. Можно е мастите да се преработиле во мускулите па обемот на вашата половина да е намален, а вагата продолжува и понатаму да го покажува истиот број килограми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот