Не можеше без Кирјос: Повторно нападнат Ѓоковиќ!

Новак Ѓоковиќ беше ударна вест во австралиските медиуми, кои направија тенденциозен извештај за најдобриот тенисер во светот и наводните двојни аршини според кои се води, бидејќи тој не носел маска во комбето кое превезувало тенисери од карантин до теренот за тренинг. Српскиот ас само побара благо попуштање на мерките во Мелбурн.

Ваквата состојба веднаш ја коментираше австралискиот тенисер Ник Кирјос кој повторно го провоцира првиот светски рекет, по што е повеќе познат во последните неколку години, а нема значителни успеси на терените.

Ѓоковиќ е будала – напиша Кирјос користејќи жаргон, коментирајќи го прилогот кој беше објавен на националната телевизија, а потоа тој се осврна и на фактот дека неговиот сонародник Бернард Томиќ кој е во карантин со девојка, односно п**но актерка.

– Не ми пречи Берни, но неговата дама очигледно нема перспектива, смешни сцени – додаде Кирјос.

Инаку, Ник Кирјос во моментов е 47. на АТП-листата и е можен ривал на сите носители во првото коло на „Австралија опен“.

Нема сомнение дека евентуален дуел против Ѓоковиќ би бил „повеќе од игра“ заради сите провокации кои Австралиецот ги имаше против Србинот во последните неколку години.

Австралија ги одби сите барања на Ѓоковиќ!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот