Не може секој висок играч да биде Леброн, но може да биде Гобер и да земе 200 милиони долари

epa08891035 Utah Jazz center Rudy Gobert (R) battles LA Clippers forward Mfiondu Kabengele to the basket during the first half of an NBA preseason basketball game at Staples Center in Los Angeles, California, USA 17 December 2020. EPA-EFE/ALEX GALLARDO SHUTTERSTOCK OUT

Легендарниот НБА кошаркар, Шекил О’Нил,конечно го пофали центарот на Јута џез, Руди Гобер, и им укажа на младите како можат да добијат астрономски договор.

Кога Руди Гобер на 20. декември минатата година потпиша петгодишен договор вреден дури 205 милиони долари, предизвика реакции во јавноста но и кај аналитичарите и поранешните кошаркари. За многумина тој потег на Јута беше несфатлив бидејќи Гобер кој не се смета за еден од најдобрите 10 кошаркари во НБА лигата, сепак го потпиша третиот најголем договор во историјата на лигата.
Еден од најгласните критичари беше Шекил О’Нил кој ја користеше секоја шанса да го нападне Гобер.
– Доколку за 11 поени заработите 200 милиони долари, тогаш колку пари ќе ви донесат 38 поени? 600 милиони, зарем не – изјави О’Нил по натпреварот Денвер – Јута, на кој Никола Јокиќ му уфрли дури 38 поени на Гобер.

Сепак, Шекил најде и позитивни работи во потегот на Јута и им порача да другите центри да се угледаат на Гобер.
– Гобер повеќе не е просечен висок кошаркар во НБА, бидејќи од таков играч се очекува да постави блок или нешто слично. Тој е крупен, висок, силен и игра добра одбрана. Руди е најдобриот дефанзивец во лигата, но заработува 200 милиони долари. Што треба да направат другите центри? Па да се угледаат на Гобер и да научат нешто од него. Не можат сите да бидат како Леброн, Коби или Гарнет, но мислам дека постојат многу силни момци кои можат да го прават тоа што го прави и Руди – порача О’Нил.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот