„Не може да има недопирливи“, вели Спасовски околу впечатокот дека за функционерите на ДУИ не важат законите

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во Утрински брифинг / Фото: Слободен печат/ Драган Митрески

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вечерва изјави дека во земјава „не може да има недопирливи“ за законот, без оглед на тоа од која партија се.

Прашан за впечатокот во јавноста дека функционерите на ДУИ и нивните семејства и блиски се „недоприливи за законот”, Спасовски рече дека е добро што има јавност.

„Стојам на ставот дека не може да има недопирливи, дали се тоа од СДСМ, од ДУИ, Алијансата, дали од ВМРО или кој било друг“, рече министерот во емисијата „Само вистина“ на Канал 5.

– Зошто политичарите би биле попривилегирани од кој било друг граѓанин во државата? Во тој дел не смее да има ниту селективност, ниту да бидеме нетранспарентни. Не можеме сепак да правиме нешто што не се базира на реални податоци или ако имаме таква ситуација и ако знаеме дека тоа возило било во моментот на извршување на такво кривично дело, ако знаеме дека во тоа возило бил тој човек што е потенциран, секој еден во државата како граѓанин има обврска да се јави во Обвинителство и да ги даде тие податоци што ги има, порача Спасовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот