„Не можам повеќе да издржам“: Маж бара да го стават во затвор за да побегне од сопругата

Затвор/ Фото: Профимедиа

Маж кој е во домашен притвор во Италија се појавил во полициска станица поради криминални дејствија со друга, побарал од властите да го стават во затвор бидејќи животот со сопругата дома му е неподнослив, соопшти вчера италијанската полиција, пишува „Спутникњуз“.

Албанскиот државјанин (30) кој живее во Гвидонија Монтеселио, надвор од Рим, „повеќе не бил во состојба да се справи со принудниот живот со својата сопруга“, се вели во полициското соопштение.

Откако ја молел полицијата за помош, веднаш бил уапсен поради прекршување на куќниот притвор, а судијата подоцна наредил да биде префрлен во затвор.

„Огорчен од ситуацијата, претпочитал да избега од домашниот притвор, па се обратил во полиција за да побара да ја отслужи казната зад решетки“, се додава во соопштението.

– Човекот неколку месеци беше во домашен притвор поради дрога и му остануваат уште неколку години до отслужување на затворската казна – изјавил капетанот Франческо Џакомо Феранте од карабинерите на Тиволи.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот