Не мора да пеете, но предуслов е да стенкате во првиот порно-караоке бар во Германија

Ноќниот живот во Хамбург деновиве доби нова „содржина“ со отворањето на првиот бар во Германија посветен на „порно караоке“ пренесува Дојче Веле.

Наместо пеење, гостите се поканети да излезат на сцената и да стенкаат со звуците на најпознатите сцени од порно филмовите од 1970-те и 1980-те години кои се проектираат во позадината без звук. Во моментов, на гостите им стојат на располагање сцени од околу 30 филмови.

„Позабавно е отколку што очекував“, изјави германската транссексуална кралица Оливија Џонс за весникот Хамбургер Абендблат.

„На почетокот, луѓето се резервирани и не се осмелуваат да пробаат, но во меѓувреме забележавме дека едвај спасуваме жива глава од гостите кои скокаат на сцената“, вели таа.

За оние на кои им е потребно загревање пред настапот, барот им нуди „предигра“ во која шоуменот Лекс Дилдо, кој има улога на церемонијал мајстор, стенка во звуците на познати нумери и ги тера гостите да погодат за која песна се работи.

Таа е една од најпознатите германски транссексуални шоумени и поседува повеќе барови и клубови во квартот Сент Паули во Хамбург каде се наоѓа и познатиот Репербан со своите ноќни клубови, секс-шопови и бордели.

Во 2010 година, Џонс го отвори првиот европски стриптиз бар во кој настапуваа само мажи- а влезот им е дозволен само на жени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот