Не мора да купувате, направете си сами: Крем-супа со печурки

Состојки:

300 грама печурки
100 грама маргарин
2 главици кромид
3 лажици брашно
1 коцка супа
200 милилитри вода
250 милилитри неутрална павлака за готвење
сол
црн бибер

Подготовка:

Во поголемо тенџере растопете го маргаринот, а потоа во него додајте го и ситно исечканиот кромид. Пржете неколку минути, а потоа додајте ги и сечканите печурки, а по кратко време и брашното. Сите состојки пржете ги уште неколку минути.

Додека пржите, во 200 милилитри вода растворете коцка супа и истурете ја течноста во тенџерето.

Варете околу 20 минути, а потоа со рачен блендер, убаво изматете ја супата.

На крај, додајте ја павлаката и убаво измешајте.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот