Не ми се гледа како страшно Бугарите да влезат во Уставот, вели Андреј Петров

Андреј Петров / Фото: Скриншот, Фејсбук

Новиот член на Извршниот одбор на СДСМ, Андреј Петров, во емисијата „24 анализа“ во врска со спорот со Бугарија рече дека „не можеме да ги бришеме историските факти и да замижуваме пред вистината“.

– Една супериорна Германија не бараше да се ревидира историјата. Јас сум против ревидирање на ноторни историски факти, неспорен е македонскиот јазик. Околу другите работи не ми се гледа страшно Бугарите да влезат во уставот на Македонија. Ако тоа некој го наумил, тоа само покажува дека сме различни народи. Треба таа работа да се остави на дипломатите. Не ни треба ЕУ по секоја цена. – рече Петров.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот