Не ја охрабруваме Украина да напаѓа цели во Русија, тврдат Американците

Фото: МИА

Стејт департментот денеска соопшти дека Соединетите Држави „не ја охрабруваат” Украина да врши напади на територијата на Русија. Изјавата доаѓа по нападите со беспилотни летала на неколку руски воздухопловни бази за кои се смета дека дошле од Киев.

„Ние не и помагаме на Украина да организира напади надвор од нејзините граници. Сè што правиме, се што прави светот за да ја поддржи Украина оди во прилог на поддршката за независноста на Украина”, рече портпаролот на Стејт департментот, Нед Прајс.

Тој не му ги припиша новите напади со беспилотни летала на Киев, а Украина официјално не презеде одговорност за нападите.

Русија соопшти дека тројца луѓе загинале, а два авиона биле оштетени во еден од тие напади чија цел биле бази на нејзина територија.

„Ние ја снабдуваме Украина со она што треба да се користи на нејзината суверена територија, на украинска територија, за да се соочи со рускиот агресор”, рече Нед Прајс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот