НЕ ИМ СЕ ГУБИ ВРЕМЕ ВО ТАГУВАЊЕ: Овие 3 знаци најбрзо закрепнуваат од раскинување

раскинување

Раскинувањата секогаш се тешки, дури и кога се предмет на меѓусебен договор. Секој крај на врска носи бурен период кај секого, но кај одредени луѓе тоа е краткотрајно и со мал интензитет.

За овие три хороскопски знаци раскинувањето не претставува проблем, бидејќи генерално, го гледаат како шанса да имаат нешто подобро во блиска иднина.

Еве за кого се работи:

ОВЕН

Овните немаат потреба да страдаат по поранешната љубов – кога еднаш е готово, готово е засекогаш. По раскинувањето, никогаш не се активни баратели на нова врска, туку само го вклучуваат својот шарм и новата љубов доаѓа сама.

БИК

Колку и да страда, не дозволува таа тага и болка да го обземе. Бикот по раскинувањето ќе си даде доволно време да запознава нови луѓе и да избира, а во новата врска ќе влезе без да влече „опашки“ од минатото.

ЛАВ

Лавовите иако се емотивни и импулсивни, кога се раскинувањата во прашање, многу се разумни. Чувствуваат болка, но повеќе поради повредената гордост. Не страдаат долго, бидејќи се свесни дека тоа се случило со причина и дека ослободиле место за нешто далеку подобро.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот