Не им беше лесно, што сè не трпеа ракометарите на Вардар!

Фото: acibademsistina.mk

Македонскиот шампион Вардар на Фајнал фор турнирот во Келн го направи „невозможното“ и ја освои втората европска титула со победите над Барселона и Веспрем.

– Горди сме што веќе шеста година заедно со нашиот и ваш РК Вардар ги допираме височините на ракометна Европа и светот и што нашите доктори се грижат за здравјето на шампионските Вардарци – велат од Аџибадем Систина.

EPA-EFE/SASCHA STEINBACH

Секако здравјето е секогаш на прво место, иако од тој аспект Вардарци имаа низа проблеми во текот на сезоната, со голем број на повредени играчи како Горбок, Стоилов, Борозан (кој во меѓувреме си замина од клубот), Карачиќ, Дисингер, Мораеш, Милосављев…

– Беа подготвени психички и не правеа непотребен притисок. Момците имаат срце и позитивна енергија како во ретко кој колектив. Заедно со двајцата физиотерапевти Димитар Маневски и Рубинчо Србиновски, или Диме и Рубин како што ги викаат во клубот, се грижевме за тимот цела сезона. Поминавме низ многу повреди, оперативни зафати, подеми и падови. За последните два натпревара немаше опција, немаше простор некој да не игра. Затоа се подготвивме добро“, вели доктор Михајло Ивановски.

EPA-EFE/SASCHA STEINBACH

Ивановски вели секој проблем кај ракометарите се решавал брзо, ефикасно.

– Карачиќ имаше проблеми последните три дена кога се повреди, но успеа да се надмине себеси, па затоа е МВП на турнирот. Шишкарев се повреди во финалето, па беше 50/50 дали ќе продолжи да игра. Потоа се покажа дека нема потреба да ризикува, па беше најгласен од клупата – вели докторот пренесувајќи детали од последните денови на Ф4 турнирот.

Напомена дека повредата на коленото со која се здоби пикерот (сега веќе поранешен член на Вардар) Фереира Мораеш Рожерио минатата година, успешно ја санираше траматологот Ивановски, заедно со хируршкиот тим на „Аџибадем Систина“. Рожерио за докторите од Одделот за ортопедија и трауматологија, вели дека се најдобри и најстручни во регионот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот