Не губете време, веднаш почнете со вежбање: 5 вежби за подобар секс!

Секоја физичка активност е добра за вас – пред сѐ за здравјето, но кога зборуваме во контекст на сексот, факт е дека редовното тренирање ќе ја подобри издржливоста.

Сепак, одредени вежби можат исто така да ви помогнат да бидете пофлексибилни, а со тоа и да уживате во повеќе различни пози.

И не само тоа – да се возбудите, слични процеси се одвиваат во организмот како кога вежбате, така што научниците тврдат дека вежбањето може да го „подобри искуството“ за време на сексуалниот однос.

Посебно внимание посветувајте на вежбите за карличните мускули, и еве ги точно вежбите што експертите предлагаат да ги направите за повеќе да уживате во сексот.

Штица – 20 секунди

Не треба да ви објаснуваме многу – застанете во позиција како за склек, а потоа спуштете се за да се потпирате на подлактиците. Обидете се да го задржите ‘рбетот исправен и да останете во таа позиција 20 секунди.

Глутеус мост – 15 повторувања

Легнете на грб, поставете ги рацете до телото и свиткајте ги нозете на колена. Подигнете го задникот од подот и повторете го ова 15 пати. На овој начин, ќе ги зајакнете мускулите на задникот, но и карличните мускули.

Скок-сквот – 10 до 15 повторувања

Застанете со нозете во ширина на рамената, а рацете близу до вашето тело. Потоа, клекнете, кревајќи ги рацете пред вас. После тоа, скокајте нагоре и веднаш штом ќе станете на нозе, вратете се во „сквот”.

Кегелови вежби – држете 5-10 секунди

Непотребно е да се каже, посилните карлични мускули значат посилен оргазам!

Првото нешто што треба да направите е да ги „идентификувате” карличните мускули со затегнување на мускулите како кога сакате да престанете да уринирате.

Чувајте ги овие мускули затегнати околу десет секунди, а потоа опуштете ги за десет секунди. Ако тоа е премногу за вас, започнете со пет секунди, а потоа зголемете со тек на време.

Склекови – 10-15 повторувања

Свртете го лицето кон подот, потпирајте се на рацете и нозете, а потоа спуштете го телото скоро до подот. Бидете сигурни дека грбот е исправен во секое време.

Оваа вежба го зајакнува целото тело, па затоа е идеална за оние кои сакаат да експериментираат и да пробаат различни пози.

Правете ги овие вежби редовно и ќе видите подобрување со текот на времето. И уште една работа – не е лошо да се вежба пред сексуален однос, бидејќи истражувањата покажаа дека жените кои вежбаат пред сексуална активност полесно се возбудуваат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот