Не го правете ова: Еве што е одбивно во сексот и за мажите и за жените!

Секоја личност е различна, па така не мора да значи дека најдобро се познавате во овој поглед. Сепак, постојат универзални работи, кои подеднакво ги одбиваат двата пола и кои по секоја цена мора да ги избегнувате.

Повеќето знаат дека не е паметно да зборувате за поранешните партнери и да ја прескокнувате предиграта, но еве исто така што може да биде проблем:

  1. Намерно одбивање

Доколку немате желба за секс, потполно нормално е да кажете – не. Но, ако навистина сакате што и вашиот партнер, одбивањето нема да ве одведе никаде, туку само може да ја исфрустрира другата страна.

  1. Барање од партнерот да го исклучи светлото

Додека многу луѓе сакаат да имаат секс во темница, ако едниот партнер константно бара од другиот да го исклучи стаклото, тоа може да биде контрапродуктивно. Особено ако имате обичај да го правите тоа за време на сексот. Оваа постапка може да доведе до несигурност кај вашиот партнер.

  1. Лоша хигиена

Хигиената е една од основните работи на која морате да посветите внимание пред сексуалниот однос. Тоа што сте во долга врска, не значи дека може да ги запоставите основните правила за хигиена.

  1. Постојано зборување

Комуникацијата е навистина клуч за добар секс, но ако за време на сексот постојано зборувате за нешто што и нема врска со моменталната ситуација, тоа лесно може да го одбие вашиот партнер.

  1. Мрзеливост

Постојат моменти за време на сексот кога сакате само да легнете. Меѓутоа, ако очекувате дека вашиот партнер ќе ја „обработи“ целата работа, тоа може да предизвика проблем поради неговата индиферентност во иднина. Со текот на времето може да стане голем проблем. Поради тоа опуштете се, но немојте премногу.

  1. Постојано истите пози и одбивање за експериментирање

Убавината на сексот е што секогаш може да биде различно. Многу луѓе стануваат „робови на рутината“ и постојано на ист начин водат љубов, па поради тоа може да дојде до презаситување. Има толку многу што не сте откриле. Немојте да се плашите од експериментирање, особено ако вашиот партнер го сака тоа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот