Не го оставајте тостот да ви загори!

Американска студија од универзитетот „Тексас“ ги открива негативните влијанија на изгорениот тост. Студијата тврди дека дури и самото користење на тостерот може да прошири токсични честички во воздухот.

Користејќи сцена од трособен стан, научниците поставиле монитори кои го надгледуваат квалитетот на воздухот.

Истражувачите наведуваат дека омилените миризливи свеќи се извор за лош квалитет на воздухот. Откриле дека штетни последици на квалитетот на воздухот има и пржењето и похувањето на храната, како и правењето тост.

„Кога правите тост, топлинските елементи ги загреваат остатоците и мастите во тостерот, што го вклучува и зејтинот“, рекла Марина Венс која учествувала во истражувањето.

Најдобар начин за превенција од штетните загадувачи е да се внимава на бојата на тостот. Се препорачува златеста боја, а се советува да не се остава тостот да загори до потемна нијанса.

Според препораките на СЗО, воздухот не би требало да содржи повеќе од 25 микрограми честици на кубен метар. Научниците откриле дека изгорениот тост може да има до 3.000 микрограми такви честички во воздухот. Ако тостот е со златеста нијанса, количината на честичките ќе се намали на 300.

„Ова истражување е повик на будење поради ризикот што го претставуваат тостерите“, изјавил професорот Џонатан Григ од Комисијата за внатрешно загадување на воздухот во Велика Британија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот