Не го фрлајте мебелот кај ќе стигнете, јавете се на телефон и ќе ви го земат од дома

Општина Карпош и ЈП Комунална хигиена денеска ги потсетија граѓаните кабастиот одпат соодветно да го депонираат. Градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев и директорот на Комунална хигиена Абдусамед Шабани, го посетија  Центарот за селекција на отпадот во Карпош ги промовираа планираните активности што ќе се одвиваат во рамките на кампањата за правилно постапување со кабастиот отпад на територијата на оваа скопска општина.

Тие ги информираа граѓаните дека кабастиот отпад, во којшто спаѓа стариот мебел, електронската и електричната опрема, не смее да се одлага на јавни површини, како и за можноста овој вид на отпад бесплатно да се одложи во Центрите за селекција во Карпош и во Вардариште, без плаќање паричен надоместок.

Новитет е воведувањето телефонска линија 0800 222 33 на која граѓаните ќе можат да си закажат подигање на отпадот и од дома, за што ќе треба да платат и паричен надоместок, информираше денеска Богоев,

-Електронскиот и електричниот отпад имате можнбост да го одложите и во пунктовите во Влае 2 до игралоиштето кај мостот „Обединети нации“ и во овој пункт. Сите носиме одговорност за заштита на животната средина. Затоа, ние и како општина почнуваме со информативна кампања за правилно одлагање на комуналниот, кабастиот и електронскиот отпад. Преку информативни постери и флаери ги информираме граѓаните како и каде на правилен начин да се ослободат од отпадот, рече Богоев.

Тој додаде дека паралелно се работи и на зголемување на јавната свест преку кампања но и преку јавниот повик преку секторот за животна средина, на кој бил објавен повик за учество на граѓанските организации да достават проекти за заштита на животната средина.

-Десет службеници кои работат во рамки на урбаните заедници добија областувања за комунални редари, со што се зголемува и теренската контрола но и санкциите за сите кои свесно ја загадуваат животната средина, додаде Богоев.

Директорот на  ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, Абдусамед Шабани рече дека ова е само дел од кампањата што ЈП Комунална хигиена – Скопје ја започна за подигнување на јавната свест за важноста и значењето на правилното одлагање на отпадот.

-Им се заблагодарувам на сите јавни личности што прифатија да учествуваат во нашата кампања и да ја пренесат пораката до граѓаните дека секое несовесно и неправилно одлагање отпад на јавни површини резултира со создавање диви депонии што ја загадуваат животната средина.

Ги поттикнуваме жителите на Карпош да ја користат можноста за бесплатно одлагање на кабастиот отпад во овој Центар што се наоѓа токму во нивната општина и на тој начин да придонесат за одржување на чиста и здрава околина.“ – изјави Шабани.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот