Не ги затворајте групите, затворете ги креаторите на „јавните соби“!

фото Фејсбук

Катастрофален пристап кон решавање на проблемот со „Јавна соба“! Наместо да очекуваме од „Телеграм“ да ја затвори групата, зошто не се разбуди Одделот за компјутерски криминал да ги приведе оние што објавуваат слики, прашува на Фејсбук Горјан Јовановски

Засега нема нови апсења на членови, а уште не се пронајдени креаторите и администраторите на групата „Јавна соба“, на која беа споделувани експлицитни фотографии и видеа од девојки од нашата земја, меѓу кои и малолетнички. 

„Јавна соба“ со мрачни тајни

По „Јавна соба”, се воведува кривично дело „демнење“, затвор до 3 години

Полицијата ги вештачи одземените телефони од четворицата приведени, поврзани со случајот, и бара дали во нив има порнографски материјали за малолетнички.

Спасовски: Приведени 4 лица за Јавна соба – двајца велешани, еден битолчанец и еден од Штип

Во меѓувреме, нови „јавни соби“ постојано се појавуваат на руската апликација „Телеграм“, која еднаш ја затвори  главната група со повеќе од 8.000 члена под притисок на нашите власти.

Отворена е нова група „Јавна соба“

Во една од нив членуваат и државјани од Србија, од каде се споделуваат најмногу фотографии и видеа. Од разговорите на мрежата може да се заклучи дека голем дел од нив се и малолетници.

Маричиќ се сретна со Ана, жртва од „Јавна соба“ и ѝ честиташе што јавно проговори

Горјан Јовановски, авторот на популарната апликација „Мој воздух“ и ИТ-експерт реагираше на Фејсбук по повод последните случувања со „Јавна соба“.

– Има начин да се дознае идентитетот на сите во групата, многу лесен, веќе испробан. Сигурно не треба да им се објаснува на експертите во МВР, верувам дека знаат точно за кој метод станува збор – вели Јовановски.

Тој како погрешен го оценува пристапот во решавањето на проблемот.

– Катастрофален е пристапот кон решавање на проблемот со „Јавна соба“. Дали мислите дека има само вакви групи на Телеграм? Дали мислите дека истото не постои на Инстаграм, Фејсбук, Скајп, Сигнал, форуми и тон други места. Сите ќе ги затвориме? Што правиме со тие што го користат Телеграм за комуникација на работа, за ИТ- проекти и слично? Наместо да очекуваме од Телеграм да ја затвори групата, зошто не се разбуди Одделот за компјутерски криминал и ги приведе оние што објавуваат слики. Да се знае дека ако некој планира да злоупотребува нечии лични информации дека кривично ќе одговара – напиша Јовановски.

Сличен апел пристигна и од невладината организација ХЕРА, која е меѓу организаторите на протесниот марш под мотото „Не си сама“. 

ВИДЕО | Иванова од ХЕРА: Протестниот марш в среда ќе биде спроведен по сите ковид протоколи

Протестен марш за поддршка на жртвите: Јавна соба е кривично дело

 

ВИДЕО | Димитрова од Хелсиншки: „Јавна соба“ е кривично дело кое мора час поскоро да се реши

ВИДЕО | Психологот Попризова за „Јавна соба“: Владее срамот, потребата да се прикрие зашто жртвите и семејствата немаат доверба во институциите

Цветковиќ од „Маргини“: Нема девојка со позитивно искуство со полицијата при пријава на злоупотреба во „Јавна соба“

Вики Чадиковска: Јавна соба е фина шлаканица која треба да нѐ освести

Триесет психолози понудија бесплатна психолошка помош за жртвите од „Јавна соба“

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот