НЕ ГИ ИСПОЛНИЛ ПРЕДИЗБОРНИТЕ ВЕТУВАЊА: Градоначалник во Мексико врзан за браник се „повозе“ низ неговото село

Фото: Принтскрин

Единаесет луѓе се уапсени на југот на Мексико откако градоначалникот на нивното село насилно бил извлечен од неговата канцеларија, врзан за автомобил и влечен низ улиците, објави Би-би-си.

Полицијата морала да интервенира за да го ослободи градоначалникот Хорхе Луис Есцандон Ернандез, кој наводно немал посериозни повреди.

Ова било втор напад од страна на фармерите, кои барале да ги исполни ветувањата од неговата предизборна кампања за поправка на еден локален пат. Во инцидент пред четири месеци, група на мажи му ја вандализирале канцеларијата.

Градоначалници и локални политичари во Мексико се честа цел на криминални банди кои растураат дрога, кога ќе одбијат да соработуваат со нивните криминални шеми, но многу поретко се случува тие да бидат напаѓани за неисполнување на предизборни ветувања.

Ескандон изјави дека ќе поднесе тужба за киднапирање и обид за убиство на сторителите.

Претходно, според пишувањата на Би-Би-Си, во предизборниот период на локалните избори во Лас Маргаритас, Ескандон бил уапсен под сомниение дека учествувал во тепачка со поддржувачи на негов кандидат, но бил ослободен поради недостаток на докази.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот