Нè газеше со години, никој не сакаше тој да умре, но немаше друго решение освен да пука, рече пред судот синот на битолчанецот Фердо

Протест за ослободување од притвор на битолчанецот која го застрела зетот/Фото: Фејсбук

Битолчани денеска со мирен протест пред судот во Битола побараа ослободување од притвор на нивниот сограѓанин Тони Ѓорѓевски Фердо које обвинет за убиство на невеначниот сопуг на својата ќерка.

– Оваа работа се случи во самоодбрана. Дојде со намера да нè отепа. Нè нападна зомби, не човек. Нè нападна со ножот. Татко ми мораше да пука за да нè одбрани останатите петмина што бевме дома. Никој не сакаше тој да умре, но немавме друго решение освен да пука“, рече Јове, синот на осомничениот нагласувајќи дека убиениот Стојанче Соколов (44) бил насилник и кобниот ден во понеделникот тој со сила им упаднал во куќата со мачета и им се заканувал.

– Ако татко ми не пукаше ќе настрадаше дел од семејството со гаранција. Денес ние ќе бевме мртви. Беше подготвен и сопствените деца да ги убие. Да кажат судиите како ќе изреагираат да им влезе некој дома, да оди кон нив со намера да ги отепа и има оружје? Сакам да ми дадат одговор надлежните како ќе постапат тие ако гледаат дека некој им го напаѓа чедото и сака да го отепа? прашува Јове.

Неговиот татко Тони Ѓоргиевски-Фердо (62) е осомничен за убиство од член 123 став 1 од Кривичниот законик, зашто со умисла го лишил од живот Соколов. Семејството на осомничениот тврди дека со години трпеле тортура од Соколов кој поради своето насилничко однесување и бил познат на полицијата и социјалните служби. Дури и неколку пати бил во затвор, а злоупотребувал и алкохол и дрога.

– Овој проблем го имаме повеќе од 20 години. Пријавуван е во полиција, во Центарот за социјални работи. Ќе дојдеше ќе се извинеше, ќе тераше некое време. Ќе се испијанеше, беше и конзуматор на дрога, ќе дојдеше дрогиран, ги малтетираше, тепаше. Имаше закани и кон мене, цело време кон сестра ми и внуците. Нè газеше со години , мајка ми и татко ми дома не можеа да преспијат мирно, спиеја со телефонот в раце да не се случи некому нешто“, рече синот.

Кобниот ден сестрата на Јове заедно со двете деца поради заканите од Соколов побегнала кај таткото, а целиот напад и убиството се снимени со камера која била поставена во домот, тврди синот.

Младиот Јове имајќи ја зад себе поддршката од битолчани кои денеска на пладне излегоа на протестот пред судот, побара ослободување од притвор зошто, рече, да сакал да бега тоа ќе го сторел веднаш по убиството, но напротив повикал брза помош и полиција.

– Татко ми го знаат сите како чесен , никогаш немал проблем со законот, рече Јове.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот