Не еден, туку два концерти на Масимо Савиќ во Скопје!

Фото: Инстаграм

По три години пауза, најквалитетниот пејач на Балканот, без конкуренција, Масимо Савиќ и еден од најомилените артисти на македонската публика, доаѓа во Скопје и тоа со два ексклузивни концерта на трети и четврти февруари, следната година.

Масимо овој пат ќе има свое деби во најубавата концертна сала на овие простори – салата на Македонската филхармонија.

Публиката ќе има можност да ужива во “best of” програма, каде што Масимо и неговиот супер бенд ќе ги изведат најголемите хитови: “Izjednog pogleda”, “Stranac u noci”, “Dodirni me slucajno”, “Da mogu”, “Suze nam stale na put”, “Ostani tu”, “1000 ljudi”, “Kladim se na nas” и уште многу други песни кои ја одбележаа неговата 30 годишна музичка кариера.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот