Не е запазена етничката структура на реонските попишувачи, реагираат од координативното тело за пописот на турскиот народ

Попишувачи Попис 2021
Попишувачи / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Електронската апликација за Пописот 2021 не функционира на турски јазик, а при избор на реонски инструктори и реонски попишувачи не е запазена етничката структура, така што има вкупно 73 реонски попишувачи од Турскиот народ во РСМ помалку од предвиденото, реагираат од Националното координативно тело за пописот на турскиот народ во Република Северна Македонија.

– Ние – Националното Координативно Тело за Пописот на Турскиот народ во РСМ, како најголем орган што ги пренесува ставовите на Турскиот народ во РСМ, очекуваме горенаведените забелешки да бидат решени во најкраток можен рок, како пописот би продолжил во позитивна насока, се вели пишаната реакција што ја испратија денеска од ова национално координативно тело.

Приговорите, се вели во соопштението, се испратени до директорот на Државен завод за статистика Апостол Симовски, заменик директорот на Државен завод за статистика Илми Селами, министерот за правда Бојан Маричиќ и до заменик министерот за правда Агим Нухиу.

За пропустите, исто така, известени се и претседателот Стево Пендаровски, премиерот Зоран Заев и вицепремиерот Артан Груби.

Извор: МИА

Нема да го признаеме пописот ако Турците се помалку од седум отсто, вели Емин Хусрев

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот