Не е важно дали си ѕвезда: Актерот избркан од хотел во Венеција поради ковид-сертификат

На холивудскиот актер Џон Малкович му бил забранет пристапот во хотел во Венеција, Италија, бидејќи му истекол ковид-сертификатот.

Славниот актер се соочил со непријатната ситуација поради истечената „зелена потврда“, односно „Super Green Pass“, којашто е доказ за вакцинација против коронавирусот или прележан ковид-19, јавуваат италијанските медиуми.

Италијанските медиуми пишуваат дека на 68-годишниот актер му бил забранет пристапот до собата во познатиот хотел „Даниели“, каде што продукцијата му резервирала многу луксузен апартман, со поглед на Сан Марко.

Локалните весници објавија дека поради оваа одлука, Малкович морал да помине два дена во Венеција во изнајмен стан, а тоа го потврдила и италијанската новинска агенција АНСА.

Џон Малкович во италијанскиот град ја снима серијата „Риплеј“, а од хотелот не сакале да го коментираат овој настан.

Да потсетиме, во Италија во моментот е на сила закон според кој за пристап до хотелите, баровите и ресторани, како и до јавниот превоз, неопходен е ковид-сертификат кој се добива или по целосна вакцинација или ако лицето преболело коронавирус во претходните шест месеци.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот