Не е важно дали ќе си оди Погба, Фердинанд го советува Јунајтед за трансфер!

Фото: EPA-EFE/Neil Hall/POOL

Поранешниот репрезентативец на Англија, Рио Фердинанд го споредува Џек Грилиш со еден од најдобрите во фудбалската игра, Лионел Меси и Роналдињо.

Тој посакува токму играчот на Астон Вила да биде приоритет на Манчестер јунајтед на трансфер пазарот, доколку сака клубот да има подобри резултати.

Фердинанд кој има шест титули во Премиер лигата со „црвените ѓаволи“, ги советува првите луѓе од „Олд Трафорд“ да го ангажираат 25-годишниот фудбалер за врска во нападот и сегашен англиски репрезентативец.

– Не е важно дали Погба ќе си оди или не, за мене Грилиш е правиот човек. Го знам уште како помлад. Дојде еден ден заедно со неговиот татко во мојот ресторан и им обезбедив билети за натпревар. Џек е многу добар човек, напорно тренира, гладен за успеси и го сака фудбалот – вели Фердинанд.

Погба со неколку опции доколку го напушти „Олд Трафорд“!

Според британскиот „Дејли Мејл“, три имиња би можеле во јануари да го напуштат Јунајтед, Брендон Вилијамс, Серхио Ромеро и Џеси Лингард. Да додадеме уште дека за Одион Игало интерес покажуваат клубови од Катар и Саудиска Арабија.

Грилиш има договор со Астон Вила до 30 јуни 2025 година, а моментно според „Трансфермаркт“ вреди 50 милиони евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот