НЕ Е ШЕГА: Македонија домаќин на Светско првенство во фудбал!

Светско првенство во фудбал ќе се игра наредната година во Македонија, но каков е тој Мундијал кога таков се организираше лани во Русија, а наредниот е во 2022. година во Катар?

Или официјално кажано, добредојдовте на „CONIFA Светски Фудбалски Куп“ кој ќе се одржи од 30. мај до 7. јуни 2020 година во Скопје.

Да, ова не е натпреварување на ФИФА кое постои од 1930 год., ова е нешто сосема поразлично и за многумина – контроверзно.

КОНИФА – акроним за „Конфедерација на независни фудбалски асоцијации – меѓународно управувачко тело во кое се наоѓаат репрезентации кои не се членки на ФИФА.

Членки на КОНИФА се тимови кои ги претставуваат федералните држави (како на пример Квебек во Канада), малцинства, региони и луѓе без нација, кои не претставуваат независни држави.

Последниот турнир, на пример, се одржа во летото 2018 година и го освои тимот на Карпатаља, национална репрезентација на унгарското малцинство во Закарпатиа Област (Украина), а во финалето ја совладаа селекцијата на Северен Кипар. Уште едни докази зошто ова натпреварување е контроверзно..

Само некои од европските членки на КОНИФА даваат целосна слика поради што наредното лето би можело многу да се зборува за овој неофицијален Светски куп следното лето – Крим, Абхазија, Јужна Осетија, Доњецк..

Региони поради кои има политички конфликти и територии за кои одредени земји се расправаа во минатото.

Од другите континенти има селекции на Курдистан, Тибет, Квебек, Занзибар, Западна Сахара …

Светскиот куп во организација на КОНИФА се игра од 2014 година, секое второ лето, а турнирот во Македонија ќе биде четврти по ред. На крајот на оваа година, ќе се знае кои 16 тимови ќе учествуваат на ова СП.

Сè уште нема информации дали некој регион од Македонија ќе учествува на турнирот што ќе го организира, но сигурно е дека оваа тема би можела да крене многу прашина во регионот, а сеуште не се огласила ниту Фудбалската федерација на Македонија за евентуална потврда на оваа информација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот