10.8 C
Скопје

Не е сериозна повредата, со Дамјан Стојановски против Италија

По неколку третмани кои ги направи нашиот лекарски тим досега, а ќе ги има и до пред почетокот на следниот натпревар во „балонот“ во Перм, очекувањата се дека искусниот бек-шутер ќе биде подготвен за напорите кои ги бара еден квалификациски натпревар за пласман на ЕП.

Дамјан Стојановски има повреда на скочниот зглоб на левата нога, но не е од посериозен карактер.

Освен тоа, дополнителните прегледи не покажале сериозно оштетување на лигаментите, па нашиот стартер ќе му се стави на располагање на селекторот Александар Тодоров за дуелот против Италија кој го играме во недела попладне, со почеток од 13.00 часот.

Нема потреба да се говори колку е присуството на искусниот крилен играч важно за Македонија, особено кога сме во една императивна ситуација. Да ги добиеме двата наредни меча на турнирот во Перм, а оној вториот против Естонија, да биде изразен со двоцифрена предност.

Иако на турнирот денеска е слободен ден, избраниците на селекторот Александар Тодовор тренираа во арената „Молот“ во обид да се направи комплетна подготовка за вториот дуел со „аѕурите“ во рок од три дена.

Поврзани вести

Кои се најпознатите прекари на фудбалерите: Трактор, психо, пирана, пират….

Слободен печат

Челси му се реваншира на Лестер за поразот во ФА Купот и го остави да виси за ЛШ

Слободен печат

Црвена звезда на чекор до титулата во АБА лигата, неверојатен натпревар во Белград

Слободен печат

Официјално: Бензема по шест години повторно во француската репрезентација

Слободен печат

ЕСПН ќе снима документарец за најомилениот кошаркар во НБА, „џинот“ Бобан Марјановиќ

Слободен печат

ВИДЕО: Голчиштето на Кавани недоволно за победа на Јунајтед, нов триумф за Алиоски и Лидс

Слободен печат

Остави Коментар