Не е само тенисерка, Серена заработува милиони и од бизнис

EPA-EFE/ETTORE FERRARI

Серена Вилијамс е првата жена спортистка која се најде на листата на магазинот „Форбс“ на најбогати жени кои сами започнале сопствени бизниси. Според „Форбс“, Гран слем шампионката досега заработила 224 милиони долари (174 милиони фунти) од сопствените бизниси.

Огромен дел од заработката е благодарение на нејзиното чувство за инвестиции, бидејќи Серена вложила средства во дури 34 стартап бизниси во последните пет години.

– Сакам да бидам активна во инфраструктурата, во изградбата,. Сакам да станам бренд во таа сфера, а не само да бидам некакво лице, кое ќе го знаат како тенисерката Серена. Сакам во иднина да бидам и бизнисменката Серена – вели славната тенисерка за „Форбс“.

Таа во април годинава основа компанија со која вложува во ризични бизниси каде заработката е поголема. Идејата на Серена е да вложува во што повеќе индустриски гранки, и досега таа инвестирала во повеќе од 30 компании кои и донеле милионска зарабока.

Според магазинот, дури 60 проценти од инвестициите на Серена Вилијамс биле во компании на чие чело биде жени или црномурести личности.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот