Не е само Куман, Барса гледа кон „ветераните“ барајќи ги виновниците во соблекувалната

Жерар Пике не е повеќе опција во редовите на Барселона/фото: EPA-EFE/ANDREU DALMAU

Се шпекулира дека покрај заминувањето на тренерот Роналд Куман од Барселона, се очекува да има промени и во играчкиот кадар. После поразот од Рајо Ваљекано раководството на каталонскиот клуб одлучи да се раздели со холандскиот стратег Куман.

На „Камп Ноу“ е донесена одлука како привремено решение екипата да ја води Серхи Бархуан, актуелниот тренер на Барса Б. Тоа така ќе биде сè додека не се најде тренер кој ќе потпише договор со Барса по отпуштањето на Куман.

Како неофицијално, каталонскиот весник „Спорт“ објави дека веќе е завршена потрагата по наследникот на Куман, а тоа би требало да биде поранешниот капитен на клубот, Чави.

Покрај Куман, тука нема да заврши „чистката“ во Барселона, односно водечките луѓе бараат и други виновници за лошите резултати на почетокот од оваа сезона.

Наводно на „мета“ се „ветераните“ Серхио Бускетс, Жорди Алба и Жерар Пике кои беа приоритет во плановите на холандскиот тренер во текот на последната година и пол.

Сите тие го прифатија намалувањето на платите поради тешката економска ситуација во клубот изминатото лето, но како што наведува „Спорт“, сега не е исклучено нивното заминување од клубот. Дали тоа ќе се случи веќе во јануари или на крајот од сезоната, што е многу пореално, останува да видиме.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот