НЕ Е САМО АЛКОХОЛОТ: Овие навики го уништуваат црниот дроб

Црниот дроб може самиот да се регенерира, но не и ако вие го отежнувате тој процес со навиките

Често забораваме колку е важен црниот дроб за да може организмот правилно да функционира, па се однесуваме целосно неодговорно кон него.

Иако тој има способност самиот да се регенерира, некои навики успеваат да го „победат“ и да доведат до негово заслабнување и неправилна работа.

Еве за што се работи:

Неправилна исхрана

Динамичното темпо на живот некогаш предизвикува да прескокнуваме оброци или да изедеме количина поголема отколку што треба. Потрудете се да воспоставите редовен распоред на оброците до кој самите ќе се држите, со ужинки меѓу појадокот и ручекот и меѓу ручекот и вечерата. Обидете се да ги распоредите оброците во исто време секој ден.

Јадете исти намирници

На целото тело му е потребна разновидна исхрана, односно да се погрижите да внесувате рамномерно од потребните хранливи материи. Заборавете на тоа дека одредени состојки не ви се потребни, туку хранете се балансирано.

Секој ден јадете пржена храна

Не е грев понекогаш да каснете нешто пржено, но обидете се тоа да не го правите секој ден, туку најмногу двапати неделно.

Внесувате многу масти и шеќери

Намалете го внесот на масти од животинско потекло, но и шеќерите кои ги внесувате преку процесираната храна, газираните сокови и колачите.

Не сте активни

Доволно е да пешачите барем 30 минути, за да направите голема разлика. Неактивноста му штети на целото тело, а со тоа и на црниот дроб.

Пиете многу кафе

Кафето има и корисни и негативни својства, па затоа и најдобро е да го консумирате во умерени количини, за да се осигурате дека лошите влијанија ги сведувате на минимум.

Орална контрацепција

Кај некои жени може да се случи естрогенот да направи проблем во работата на црниот дроб и да предизвика отежнато фунцкионирање и на физичко и на емоционално ниво.

Постојано пиете лекови

Пијте лекови кои ви се препишани од лекар и не земајте ништо на своја рака, а со аналгетиците кои ги пиете против болка бидете умерени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот