Не е прифатено барањето на Еурофарм Пелистер да игра во ЛШ

фото: рк еурофарм работник

Во групите на Лигата на шампионите наредната сезона ќе игра Нант на македонскиот репрезентативец Кирил Лазаров.

Еурофарм Пелистер во изминатиот период беше активен на ракометниот пазар ангажирајќи неколку сериозни имиња најавувајќи ги високите амбиции за следната сезона.

После предвременото завршување на сезоната поради пандемијата на Ковид-19, РФМ ги одреди патниците на меѓународната сцена, битолскиот клуб и дефинитивно ќе игра во Лигата на Европа.

Тоа денеска го потврди и Европската раометна федерација која ги одреди учесниците кои аплицираа за вајлд карта за настап во Лигата на шампионите.

Прифатени беа барањата на Мешков Брест, Нант на македонскиот репрезентативец Кирил Лазаров, Пик Сегед, Елверум, Целје Пивоварна Лашко и Мотор.

Освен Еурофарм Пелистер, беа одбиени уште Адемар Леон, Висла Плоцк, Динамо Букурешт, Кадетен Шафхаузен, Бешикташ, ГОГ и Спортинг.

Така, Македонија следната сезона (2020/21) во групите на ЛШ ќе има само еден претставник во Вардар, а во елитата ќе играат уште ППД Загреб, Алборг, Барса, ПСЖ, Фленсбург, Кил, Веспрем на Дејан Манасков, Кјелце и Порто на Никола Митревски.

Ждрепката за извлекување на групите во ЛШ ќе се одржи на 1 јули (18.00 часот, Виена), ќе се формираат две групи од по осум екипи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот