Не е монтажа! Бабата на Дакота Џонсон живее со 13 лавови и тигри, погледнете ги неверојатните фотографии

Долго пред јавноста да дознае за Џо Егзотик од серијата „Tiger King“, Типи Хедрен, мајката на Мелани Грифит и бабата на Дакота Џонсон, во Холивуд беше позната како кралица на тигрите.

Instagram

Таа големите мачки почнала да ги собира уште во 70-те години на минатиот век и ги вдомила на својот имот. Дакота Џонсон деновиве откри дека Типи сè уште живее со дивите животни.

Instagram

На гостувањето во шоуто на Нортон, Дакота зборуваше за страстите на својата позната баба. Кога Нортон ја праша дали баба и сè уште има „диви мачки“, Дакота одговори:

„Да, има 13 или 14 лавови и тигри. Имаше околу 60 диви мачки, сега има само неколку“.

Instagram

Кога се родила Дакота, лавовите и тигрите веќе не шетале слободно по имотот и низ куќата како дотогаш.

Instagram

На снимањето на филмот „Roar“, Типи имала трауматично искуство со агресивна голема мачка и тогаш добила бројни повреди, како и уште 70 луѓе кои исто така биле повредени.

Instagram

Две години по премиерата на тој филм, таа ја основала фондацијата „Роар“, преку кои ја едуцирала јавноста за опасните аспекти при приватна сопственост на диви животни, но никогаш не се ослободила од своите миленици.

Instagram
Instagram

Profimedia

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот