„Не е лесно“ да се биде Роналдо: 120.000 евра дневно од Инстаграм!

twitter.com/btsportfootball

Кристијано Роналдо конечно го престигна Лионел Меси, барем кога е во прашање заработката на Инстаграм. Звездата на Јувентус само од Инстаграм минатата година заработи околу 45 милиони евра, што е двојно повеќе од заработката на играчот на Барселона, пренесува „Дејли мејл“.

Роналдо во 2018 година само од една соцфијална мрежа заработил 40 отсто повеќе од што заработува во Јувентус за една сезона. Само од Инстаграм инкасирал 44.1000.000 евра за таа година, што е двојно повеќе од Меси и неговите 21.600.000 евра.

Зад себе далеку го остави и поранешниот англиски репрезентативец Дејан Бекам кој заработи околу 10 милиони евра.

Кристијано имаше на својот профил 34 спонзорирани објави кои му ги донесоа сите пари. Меси објавил повеќе, но заработил двапати помалку. Роналдо просечно секој ден само од Инстаграм заработувал 120.000 евра.

Португалецот и Аргентинецот се наоѓаат на самиот врв на листата најдобро платени личности на Инстаграм, а веднаш после нив се наоѓаат Кендал Џенер и Дејвид Бекам.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот