Не е Кардашијан, Шарлиз, Анџелина… Новата девојка на Бред Пит е духовен гуру!

Странските медиуми тврдат дека холивудскиот глумец си ја нашол среќата покрај блондинката која нема врска со јавниот живот, но иако се трудел, сепак не успеал доволно добро да ја скрие.

Откако пред три години се разведе со Анџелина Џоли, а во јуни раскина со Шарлиз Терон, сега се појавија гласини дека се забавува со Сат Хари Калса, која е дизајнерка на накит и духовен гуру.

Наводно почнале да се гледаат уште минатата година, но тогаш зборувале дека се само пријатели. Пит не сакал врска бидејќи со Анџелина поминал низ „преголема драма“.

Меѓутоа, во јуни почнал да излегува со Сат, а нивниот однос е во подем цело лето. Таа дури се појавила на премиерата на филмот „Ад астра“, каде што се фотографирани дека доаѓаат скоро во исто време.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот