Не е фер да ги блокираме Шведска и Финска во НАТО поради Бугарија, вели Маричиќ

Бојан Маричиќ, вицепремиер за европски прашања
Бојан Маричиќ, вицепремиер за европски прашања / фото: Драган Митрески - Слободен печат

Вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ демантира дека Владата нешто сака да скрие со протоколот со Бугарија.

-Немаме намера, ниту сакаме да скриеме. Документи се објавуваат откако тие ќе бидат во финална фаза. Има толку верзии на овие документи, што би било збунувачки за јавноста да објавиме нешто што не е дефинитивно, одговори Маричиќ на новинарско прашање.

Тој додаде дека Турција има „конкретни барања за нејзината безбедност од Финска и Шведска“.

-Ние да блокираме пријателски земји, кои секогаш биле на наша страна, поради Бугарија, мислиме дека тоа не е чесно. Мислиме дека во овој момент не е таков, со војна во Украина, да блокираме две важни држави, за да постигнеме ние притисок врз друга држава, за која што Финска и Шведска не можат ништо да направат, ниту нешто да гарантираат, истакна Маричиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот