Не е дозволено да се имаат регистарски таблички на кои пишува „Трамп“

Фото: Твитер

Шведските власти соопштија дека на Маркус Саф му ги одземале табличките со ознака „Трамп“, бидејќи со тоа се прекршени правилата на Одделението за моторни возила, а комбинацијата на тие букви е оценета како „навредлива“.

Таблоидот „Афтонбладет“ во саботата извести дека Саф рекол оти бил пијан и мислел дека е забавно да побара онлајн нова регистарска табличка со презимето на американскиот претседател, бидејќи возилото е американско.

Шведската сообраќајна агенција во понеделникот ја потврдила пресудата, истакнувајќи дека не ја одобрува омбинацијата на букви кои се однесуваат на политика.

Саф бил известен дека на оваа одлука не може да поднесе жалба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот