Не е Челзи, ниту Интер: Мурињо ги имаше најдобрите спомени во…!
Во својата тренерска кариера водел големи клубови како Интер, Челзи, Порто, Манчестер јунајтед, а со Реал успеа по еднаш да ги освои „Ла Лига“, Копа дел Реј и шпанскиот Суперкуп.
– Во Реал Мадрид ми беше најдобро искуство заради она што го научив таму како тренер и личност, како и лекциите што ги применувам во мојата кариера и живот. Ова е најдобриот спомен на мојата кариера – рече Португалецот.
Тој вели дека спроти него го имал најдобриот тим на светот, Барселона и дека морало да најде начин да ги победи.
– Моравме да го избегнеме тоа Барселона да не победува, па најважен беше трофејот од Купот на Местаља (во 2014 година кога Реал победи со 2-1). Од тој момент натаму ништо не беше исто. Ние го освоивме шампионатот и Суперкупот на Шпанија, но ништо не може да се спореди со финалето на Купот. За жал, не успеав да победам во трите полуфиналиња во Лигата на шампионите – додаде Мурињо за португалскиот „Канал 11″.