Не е „будала“ да си оди: Заработува 20 илјади фунти по минута! – Слободен печат
СпортФудбал

Не е „будала“ да си оди: Заработува 20 илјади фунти по минута!

Сакаат да се разделат со искусниот фудбалер, но проблемот е неверојатната плата која ја има Германецот.

Тој е под договор до 2021 година, па доколку некој клуб сака да го позајмица мора прво добро да размисли околу неговите високи примања.

Арсенал упорно се обидува да се ослободи од услугите на германскиот интернационалец Месут Озил, но не баш како што замислуваше.

Не му се брза на Озил, а и зошто би го направил тоа, иако сегашниот менаџер Унаи Емери воопшто не му дава шанса на поранешниот миленик на Арсен Венгер.

Досега оваа сезона одигра „само“ 142 минути фудбал во првиот тим на Арсенал, едвај одигра 71 минута во Премиер лигата, а имаше минутажа и во Лига купот.

Една одиграна минута на Озил на теренот вреди скоро 20.000 илјади фунти, поточно 19.718. Па, кој сака да си оди така лесно и брзо покрај вакви неверојанти примања!?

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close