Не е Бред Пит, Тајсон нокаутирал холивудски актер кој ја завел девојка му

фото: твитер

Поранешниот светски боксерски шампион Мајкл Тајсон, кога доминираше во рингот важеше за најопасниот чивек на планетата, но и тоа не ги попречуваше познатите личности да се вртат околу неговите жени.

За разлика од Бред Пит кој се спаси од ќотек, некои други ја почувствуваа силата на ударите на Тајсон, а еден од нив е и познатиот холивудски актер, Весли Снајпс.

Настанот се случил во 1990-тите години, во центарот на вниманието била тогашната девојка на Тајсон, Хоуп која имала афера и со Снајпс.

„ Една ноќ откако Хоуп си замина од апартманот, Мајк ми кажа да ја следам. Таа излезе порано од вообичаеното велејќи дека ќе оди во посета на пријателка, па Мајк сакаше да дознаам каде заминала, со кого зборувала. Го земав неговиот Ламборџини и почнав да ја следам, таа се паркира пред еден ресторан, излезе од својот автомобил и влезе во друг авотомобил „Лексус“. Кога го слушна тоа, Мајк со другиот телохранител Ентони Питс веднаш дојде пред ресторанот“, пишува тогашниот телохранител на Тајсон, Руди Гонзалез во својата автобиографија.

Кога Хоуп го виде Мајк, се тргна од прегратките на Весли Снајпс и падна на подот. Актерот од страв викаше: Не, Мајк, не. Можеме ова да го решиме. Не сакам проблеми.
Тајсон го повика Весли во тоалетот на „разговор“.

Кога влегов во локалот го видов другиот телохранител како ја блокира вратата од тоалетот. Неколку минути подоцна слушнавме бука, а потоа излезе Мајк. Откако тој излезе, ја отворив вратата и го видов Весли Снајпс како е седи потпрен на ѕидот, главата му беше на страна, а тој беше во бесознание“, напиша Гонзалез во својата книга.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот