Не е безбедно, откажан натпреварот меѓу Јувентус и Атлетико во Тел Авив

Јувентус и Атлетико нема да играат Тел Авив/фото: EPA-EFE/ALESSANDRO DI MARCO

Воената операција на израелската армија во појасот Газа го откажа пријателскиот натревар меѓу Јувентус и Атлетико Мадрид кој беше закажан за утре во Тел Авив.

– Поради новонастанатата ситуација, пријателскиот натпревар помеѓу Атлетико Мадрид и Јувентус кој требаше да се игра во Израел е откажан. Натпреварот требаше да се игра на стадионот „Блумфилд“ во Тел Авив, но тоа нема да се случи. Сите кои купија влезници, ќе ги добијат назад парите во наредните 14 дена – соопшти Јувентус.

 

Како можно место каде Јувентус и Атлетико ќе играат меѓу себе се споменува Торино, но засега нема официјална потврда.

Сезоните во Серија А и во Ла Лига започнуваат идниот викенд, Јувентус на 15 август ќе игра против Сасуоло, додека Атлетико Мадрид шпанскиот шампионат го започнува со дуелот против Хетафе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот