Не е Amazon единствен: Овие големи компании плаќаат 0 долари данок!

Шеесетте најголеми американски компании од листата „Fortune 500“ успеале да избегнат плаќање данок на приход од своите големи профити во текот на минатата година.

По експлозивниот извештај за тоа дека „Amazon“ користела даночни „дупки“ и не плаќала данок две години по ред, Институтот за даночна и економска политика (ITEP) откри дека многу повеќе американски компании во целост ја направиле истата работа во 2018 година.

Институтот вклучи 60 големи компании од различни сектори од американската економија од малопродажба, па до компании кои се занимаваат со нафта и гас.

На пример, „Delta Air Lines“ нема ништо платено во САД и покрај тоа што има заработено повеќе од 5 милијарди долари.

Енергетскиот гигант „Chevron“, како и автомобилскиот производител „General Motors“, исто така платиле нула данок, а секоја од нив има заработено повеќе од 4 милијарди долари во минатата година.

Вкупно, компаниите кои ги споменува „ITEP“ придонеле со 0 долари данок при приходи од 79 милијарди долари. Па така, наместо да плаќаат 16,4 милијарди долари данок, овие корпорации имале нето-повраток на данок од 4,3 милијарди долари.

Сето ова се случило благодарејќи на разни законски „дупки“ кои го создадоа „технички неисправен“ Законот за даноци и работни места од 2017 година.

Законот ги остави најголемиот дел од даночните олеснувања непроменети, додека исто така постави 21 проценти од законските стапки за данок на добивка (намалена од 35 проценти).

„Резултатот, кој не е изненадување, беше продолжение на падот на нашите веќе ниски приходи од данокот на добивка: во фискалната 2018. година, приходи од данокот на добивка во САД паднаа за 31 проценти, според податоците на американскиот трезор“, велат авторите на извештајот.

Различните видови на правни даночни бенефиции вклучуваат забрзана амортизација (која на пример ја користеле „Chevron“ и „Delta Airlines“, меѓу другото), како и даночните олеснувања за берзанските опции, од кои „Amazon“ и „Netflix“ имале корист.

„Netflix“, со профит од 856 милиони долари, го намали данокот на приход за 191 милион долари, искористувајќи го ова даночно олеснување и не платиле ништо.

Сепак, и покрај фактот дека извештајот од годишните финансиски поднесоци на корпорациите, тој вели дека нивните даночни одредби често се нејасни и дека не е јасно кои даночни олеснувања ги користеле.

Сепак, не постои „ништо очигледно незаконско“ во акциите на компанијата, изјави „ITEP“, повикувајќи ја владата да бара повисок стандард при објавување на даноците, со цел да се постигне целосно разбирање на тоа, како профитабилните корпорации избегнале данок.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот