Не чекале коронатест – патници од индонезиски брод скокале во море и пливале до брегот

Патниците со појаси за спасување отпливале до брегот, додека властите расправале дали да му дозволат на бродот да се закотви.

Неколку патници на индонезискиот брод „Ламбел” скокнале во море и отпливале до брегот, откако властите се обиделе да го блокираат неговото закотвување од страв од сомнителни случаи на коронавирус.

Бродот што патувал преку индонезискиот остров Борнео и островот Сулавези беше блокиран при обидот да се закотви во пристаништето Маумере на островот Флорес, поради стравувањата дека тројца членови на екипажот се заразени со коронавирус.

Патниците со појаси за спасување отпливале до брегот, додека властите расправале дали да му дозволат на бродот да се закотви.

Претставник на Министерството за транспорт упати апел до патниците да се однесуваат во согласност со здравствениот протокол и да се воздржат од која било активност што би можела да биде штетна.

На бродот се наоѓаат 255 патници, претежно работници кои се враќале дома од Малезија.

Во Индонезија се потврдени 2.956 случаи на заразени со коронавирус и 240 смртни случаи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот