Не беше едноставно да се пласира македонската лига на ТВ

фото: ФФМ

Фудбалската федерација на Македонија преку ждрепка ги одреди паровите за новата натпреварувачка сезона во Првата македонска фудбалска лига, која започнува во август.

Првиот човек на фудбалската федерација на Македонија, Сејдини јавно му се заблагодари на јавниот сервис за договорот што се направи за продажба на ТВ-правата.

– Вие, како клубови, сте главниот столб на оваа федерација. Со директните преноси на МТВ и регионалната Спорт Арена клубовите добиваат голема можност за промоција, а со договорот сите се ослободени од плаќање котизација. Наша задача е да го чуваме имиџот и вредностите на нашиот фубал и да работиме да биде уште поуспешен и попопуларен. ФФМ останува сервис на клубовите за подобрување на имиџот и што е можно подобра презентација на домашната лига. Посакувам успешен настан на сите клубови и во духот на спортските вредности да се борите за подобар пласман – вели претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини.

фото: ФФМ

Генералниот секретар на ФФМ, Филип Поповски истакна дека не беше едноставен процесот за да се пласира македонската лига на ТВ.

– Нашите обврски не застануваат тука. Ние како федерација и вие како клубови треба да работиме заедно за да биде подобро. Мора да ги подобриме сите услови и критериуми што се потребни, за кога ќе заврши овој договор да имаме нов – се зборовите на Поповски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот