Не ѝ верува: Ал Пачино бара тест за татковство од 54 години помладата бремена девојка

Фото: Профимедиа

Холивудскиот актер Ал Пачино (83) наводно се сомневал дека детето што го чека неговата девојка Нур Алфалах (29) не е негово, па побарал да го потврди татковството со ДНК тест, пишува ТМЗ.

Имено, актерот не верувал дека детето е негово поради медицински проблем кој обично предизвикува неплодност. Нур, која во моментот е во осмиот месец од бременоста, на крајот направила тест кој докажал дека Пачино е татко на нејзиното дете. Извор близок до парот раскажал за странските медиуми дека Пачино бил видно изненаден кога дознал дека неговата девојка е бремена.

Двојката е во врска две години, а првпат заедно беа видени во април минатата година. Нејзината последна позната врска заврши во 2017 година, со Мик Џегер (78), а претходно ја поврзуваа со Клинт Иствуд (91). Откако ја прекина врската со Џегер, започна кратка врска со милијардерот Николас Бергруен (61), за кого таа вели дека се само добри пријатели. Неколку месеци подоцна Нур е фотографирана во друштво на актерот Клинт Иствуд. Тие се забележани на заедничка вечера во ресторан во Лос Анџелес, каде по средбата заминале во ист автомобил. Но, Нур ги демантираше гласините за љубовната врска со Иствуд.

– Таа најчесто излегува со многу богати постари мажи. Таа е со Ал веќе некое време и одлично се сложуваат. Се чини дека разликата во години не е проблем, иако тој е постар од нејзиниот татко – откри извор за „Пејџ сикс“.

Инаку, на Ал Пачино ова ќе биде четврто дете. Од претходните врски ги има ќерката Џули (33) и 22-годишните близнаци Оливија и Антон.

ФОТО | Ги заведе Мик Џегер и Клинт Иствуд: Која е 29-годишната Нур со која Ал Пачино чека дете?

ФОТО | Ал Пачино ужива во љубовта со 54 години помладата партнерка

Ал Пачино на 83 години очекува дете со 54 години помладата девојка

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот